Кога Русковска ќе го викне Боки 13 на распит!!!

За истрагата „Рекет“ досега сведочеле повеќе сведоци, меѓу кои и обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, нивниот колега Бурим Рустеми, како и шефицата на кабинет на Катица Јанева.



Шефицата Јанева, пак само еден ден откако сведочеше, ја доби улогата на осомничена, поради што заврши во 30-дневен притвор.

Зоран Милевски -Кичеец, еден од осомничените во истрагата за „Рекет“, се бранел со молчење кога требало пред обвинителката Вилма Русковска да даде исказ, дознава „Фокус“ .

Иако Кичеец цели три часа се задржа во Обвинителствот за гонење на организиран криминал и корупција, сепак тој го искористил своето право да молчи.

Можно е со истата стратегија на молчење да се „брани“ и осомничениот Бојан Јовановски, бидејќи тој се уште не ги видел доказите кои обвинителството ги има против него.

Осомничените Јовановски и Милевски се гонат бидејќи наводно земале 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, кој за возврат „добил“ домашен притвор и времен пасош, а наводно требало и да се спаси од кривичен прогон за случајот на СЈО, „Империја“. Сето тоа, пак според обвинителството, се одивало со амин на обвинителката Јанева.

Боки 13 беше уапсен на 13 јули заедно со Зоран Милесни, речиси во исто време кога Катица Јанева „ковертираше“ оставка од функцијата шефица на СЈО, но никогаш официјално не ја поднесе, туку замина на боледување, а подоцна на одмор.