Кога Рашковски се закануваше на новинари и држеше лекции за мито и корупција (ВИДЕО)

Екс генералниот секретар на владата во времето на Зоран Заев, Драги Рашковски пред четири години на прес конференција јавно го толкувал Кривичниот законик, се заканувал на новинари со тужби и раскажувал што е мито и корупција.



Тогаш Рашковски зборува за случајот Леонардо и набавка на систем за навигација на македонското небо преку МНАВ каде за 7 милиони евра беше избрана италијанска фирма во сомнителни околности.

Рашковски тогаш куртули од случајот Леонардо но вчера е осуден на 8 години затвор за други случаи токму за мито и корупција.

Видеото на Рашковски од времето кога беше од другата страна на законот го објавува главниот уредник на Радио Лидер Љупчо Златев.

Видеото на линкот

https://www.facebook.com/100000704185638/posts/pfbid0g46C2MYBeJLuMhXF4xP44rvijztrzBU9FchDdNbESpPiBCgmawX3G9KLSpEhMjQil/?mibextid=Nif5oz