Министерот Дамјан Манчевски само се насмеа кога додека се јавуваше „во живо“ во емисијата „Кликплус“ на ТВ21 „во кадар“ влезе неговиот син кој ги поздрави гледачите.



Манчевски зборувае за неопходноста за намалување на платите за подоцна, како што рече „да можеме побрзо да се вратиме во форма и да ја спасиме економијата, бидејќи без приватниот бизнис нема плата за администрацијата, но и обратно“.

Министерот рече дека би бил многу среќен доколку кризата заврши за 2-3 месеци, но исто така посочи дека има и други сценарија, да трае многу подолго.