Основецот Дамјан Давков од Штип, што го освои второто место во конкуренција на средношколци на Балканската математичка олимпијада во 2019 година, а на Државното првенство по математика беше прв, ќе добие еднократна парична награда од 15.000 денари, од страна на Општина Штип, информира денеска министерката за образование, Мила Царовска. 



МОН презема обврска за повторно да го преиспита целиот случај околу постапката за доделување на парична награда за ученикот и наставникот ментор, но и постапката и начинот на кој е организиран самиот натпревар од страна на здружението на наставници кое ја има акредитацијата за организирање на натпреварите по математика.