Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање, дециден дека доколку навивачката група „Шверцери“ не ја плати штетата од 4.000 евра направена при прослвата на 30-годишниот јубилеј од постоењето во театарот, тогаш ќе ја плати директорката на МНТ.
Заев повтори дека во согласност со одлуката, министерот за култура ќе поведе дисциплинска мерка против директорката, бидејќи таа имала само усна комукација со организаторите на настанот, за што ќе биде казнета со намалување на плататата за 15 отсто во траење од три месеци.
Заев рече дека директорката погрешила зашто не направила писмен договор за отстапување на МНТ за тој настан.
„Направен е усмен договор затоа што немало и време кога да се направи. Рефлексијата на тоа е и материјалната и духовната штета и некој треба да понесе одговорност, изјави од собраниската говорница претседателот на Владата, пренесе „Плусинфо“.





