Кога лажеше Димитров, вчера или во 2018? (ВИДЕО)

Кога бараше граѓаните да гласаат на референдумот за промена на името министерот Димитров тврдеше дека од нас зависи влезот во ЕУ и затоа треба да се гласа.



Сега тврди дека не зависи од нас туку од други луѓе и држави со што сам ја отвори дилемата за тоа кога лажел, вчера или пред 25 месеци.

Екс министерот Антонио Милошоски го потсетува Димитров што зборувал на оваа тема но и за неспособноста целиот процес на почеток на преговори со ЕУ да се заврши дури и со огромни компромиси каква што не направила ниту една друга нација:

“Размазениот министер во септември 2018, кога ги манипулираше граѓаните пред референдумот викаше “од нас зависи” европска Македонија.
Вчера на Телма вика не чувствувам одговорност, не зависи од нас!?
Но, што од кого зависи ќе видиме кога ќе ни дојдеш во Собрание на интерпелација!”, пишува Милошоски.