Филип Рикер, високиот претставник на американската админсиртрација задолжен за Евро-азија, вчера имаше конструктивна средба со 8-темина пребегани и членви на независната собраниска група.
8-темина докажани кои не подлегуваат на партиски и било какви други притисоци се покажале во најдобро демократско светло:
„Нашиот конструктивен пристап како опозициска пратеничка група беше оценет како позитивен за развој на демократијата во нашата држава. Разговаравме за актуелните теми и понатамошната интеграција во ЕУ и во НАТО на Република С. Македонија. Ги споделивме своите размислувања, идеи и конкретни чекори кои сме ги презеле во правец на напредок на нашата татковина“, се наведува во соопштението од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ по средбата со Рикер.





