Руските вакцини „спутник V“, зa кои беше најавено дека ќе стигнат во земјава до крајот на мај, не стигнале, па здравствените власти очекуваат информација од Амбасадата на Руската Федерација во врска со дистрибуцијата.
„За ’спутник‘ и ’Синовак‘ сè уште немаме точни датуми. ’Спутник‘ беше најавено дека ќе биде на крајот на мај, но не стигнаа, вчера разговарав со рускиот амбасадор и зеде обврска да искомуницира со институтот во Москва и да даде повратни информации. Најавата за ’Синовак‘ е за почетокот на јуни и така кажаа дека првите десетина дена треба да ги очекуваме“ вели министерот.
Според Филипче имунизацијата нема да запре и повторно ги нагласи најавените донации од Бугарија и Грција, како и количините од „Фајзер“ (преку ЕУ и од директниот договор со компанијата) кои пристигнуваат на неделно ниво.






