Двајца советници на СДСМ во Советот на општината и еден новинар близок на медиум поддржан од градоначалникот на Шуто Оризари биле во просторијата во која Курто Дудуш физички го малтретирал Сеад Јашар, откриваат извори на истрагата за инцидентот.
Во истрагата што ја води МВР е откриено дека најмалку двајца од присутните употребиле физичка сила кон тепаниот Сеад.
Изворите во МВР се незадоволни што централен фокус на истрагата не е дали имало насилство и незаконско лишување од слобода како што укажува аудио снимката објавена од lider.com.mk туку на недозволено снимање.
Засега јавно се знае дека во МВР е повикана само жртвата на инцидентот кој во полицискиот систем прво бил заведен како пријава а потоа како како поплака за да не мора да се преземаат мерки од полицијата.
Според македонските закони казните за киднапирање и насилство се движат до десетина години затвор.
Сериозни казни има и за непријавување насилство и со нив можат да се соочат и тие што биле сведоци на инцидентот а истиот не го пријавиле или се уште молчат и покрај истрагата на МВР.





