Кога Атина ќе им пише на ЕУ и на НАТО?

Нема информации дали официјална Атина испратила писма до ЕУ и до НАТО со кое ги известува дека се отстранети пречките за намошната интеграција на земјава во Европската унија.



Во средата македонското МНР испрати нота до грчкото министерство дека Договорот за спорот со името е ратификуван во Собранието на Република Македонија.

Согласно договорот, Грција по ратификувањето во македонскиот Парламент, има обврска да го извести претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск дека дава поддршка за почеток на членството на Македонија во ЕУ и да го извести генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека ја поддржува поканата за НАТО, потсетува МИА.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе заседаваат на 25 и 26 јуни, а Самитот е на 28 јуни, а самитот на НАТО е закажан за 11 и 12 јули.