Полицијата денеска не го одзема знамето на голема Албанија кое го вееа демонстрантите кои бараа ослободување на осудените во случајот Монструм.
Од МВР нема ниту информација дека е поднесена некаква пријава против човечкото што го вееше знамето кое е кривично дело насочено против уставниот поредок на Македонија.
За разлика од знамето на Голема Албанија за носење на популарното знаме со ѕвездата од Кутлеш членот на групата Пука козметика е гонет од макеоснските власти.
Судењето против Жарко Масларковски за носењето на поранешното македонско државно знаме со сонцето од Кутлеш на јавно место по петти пат беше одложено, последниот пат поради отсуство на полицаецот што му ја напишал пријавата.
„Судењето е одложено за 26.04 бидејќи полицискиот службеник пријавил боледување и не беше во можност да ги образложи констатираните прекршоци. Му посакувам лесно опоравување и на 26.04 да присуствува на судењето. Да живее Македонија!!!“, објави Масларковски на Фејсбук.
Во барањето за поведување прекршочна постапка против него е наведено дека на 2 јуни 2019 година, на прославата на европската титула на ракометарите на Вардар пред македонското Собрание, ги нарушил јавниот ред и мир со: „1. неовластено отстранување, кинење, замачкување, оштетување или на кој било начин истакнување на знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон, 2. постапување спротивно на наредба на овластено службено лице на државен орган за забрана да се пристапува или задржува на определено место“.
Според Масларковски, го гонат поради носење на својот грб на државното знаме од 1992 до 1995 година, воедно и национално знаме на Македонците.
„Сè додека системот нè опресира, желбата за слобода и правдина е разгорена и голема. Да живее Македонија!!!“, порачува тој.
За тој што го носеше знамето на Велика Албанија кој претпоставува непостоење на македонската држава барем засега нема никаква пријава.
Човекот од Пука Козметика, го судат за македонското знаме.
Тука се вее знаме на Голема Албанија и никому ништо. Не е ни одземено знамето.
Срамота за цел државен апарат. Срамота за Македонија#Антимакедонизам pic.twitter.com/W4ijMg8fTe
— БаБаРоГ /////////// (@LepceSoSalamce) February 26, 2021






