Кое име го одбраа Заев и Ахмети?

СДСМ и на ДУИ,  денеска се очекува да го соопштат името на заедничкиот претседателски кандидат што го договорија лидерите Зоран Заев и Али Ахмети.



Во дел од медиумите беше објавено името на „избраниот“, други пишуваат за двајца меѓу кои требало да се „пресече“, трети тврдат дека дури денес треба да се направи изборот меѓу Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски.

Името на кандидатот треба да биде објавено попладнево, додека во меѓувреме течат Во тек се консултации и со новоформираната партија на Албанците „Алтернатива“ и со ДПАна Мендух Тачи.

Алијансата за Албанците и БЕСА, вчера соопштија дека ќе ја поддржат кандидатурата на амбасадорот и универзитетски професор Блерим Река, кој, заедно со професорката Гордана Силјановска Давкова, се засега единствените за кои се знае дека влегуваат во претседателската трка.