Во интервју за германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас вели дека договорот од Преспа со мнозинство ќе биде ратификуван во грчкиот парламент, пренесува МИА.
„Договорот со Северна Македонија, во секој случај ќе помине во парламентот. Но, сакам да го разјаснам следното: се стремиме кон мнозинство над 150 гласови и тоа ќе го добиеме. Секако дека не сум пророк , луѓе може да умрат, може да има земјотреси, но под нормални услови нема да постои апсолутно никаков проблем да ги добиеме овие 151 глас. Точно ги преброив. Точно е дека ‘Независни Грци’ нема да гласаат како партија, но постојат пратеници од оваа партија кои што сметаат дека е добар договорот.
Покрај тоа постои и партијата Потами, во која не сметаат сите пратеници дека е добар договорот, но во секој случај некои од нив“ изјави грчкиот министер Никос Коѕијас кој задно со македонскиот колега Никола Димитров, на 17 јуни во Нивици го потпишаа договорот за решавање на долгогодишниот спор околу името со Скопје,
Според Коѕијас СИРИЗА има 145 пратеници и потребни се само шест дополнителни гласови за комплетно мнозинствово парламентот кој има 300 пратеници.
„Покрај тоа, на гласањето во парламентот можно е повеќе од една партија да не учествува, затоа и потребното мнозинство тој ден може да биде помало од 130 гласови. Секако, ние од политички причини се стремиме да има мнозинство над 150 гласови, но формално, од правен аспект не сме обврзани за тоа“, велигрчкиот министер за надворешни работи, како што пренесува МИА од Атина.




