Гласањето за преспанскиот договор во грчкиот парламентот да биде тајно и пратениците да гласаат според својата совест предлага поранешниот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас, кој е убеден дека со помош на некои помали партии  ќе се обезбеди јасно мнозинство.



Околу ризиците за неуспех Коѕијас препорачува „да се спречат некои луѓе кои сакаат Грција да нема доверба и да се однесува како жртва на големи проекти“.

Тој, исто така, истакнува дека СИРИЗА може да победи на изборите “ако владата стане повнимателна“ ,  но и со условот  да прекине со Независни Грци (АНЕЛ) и да соработува со демократските – левичарски партии“.