Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, го посочи Преспанскиот договор со Македонија како чесен компромис за ставање крај на воената интервенција на Русија во Украина!
„Поддржувам мир за Украина со чесен компромис, како што беше направено со ‘Преспа’. Јас сум за меѓународното право и за територијалниот интегритет на државите. Верувам во правото на Украина да го брани своето постоење. Јас сум за национален отпор, за борба, за секој народ што му дава отпор на напаѓачот“, порача на Твитер потписникот на договорот од Нивици, со кој на Република Македонија ѝ беше сменето името за севкупна употреба.






