Коѕијас: Ознаката на споменикот на Александар дека е грчки херој е акт на пријателство меѓу народите!

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, го поздрави поставувањето табли на спомениците на Александар Македонски, Филип Втори и Олимпија во Скопје.



„Ознака на која пишува дека Александар Велики е грчки херој од античката грчка историја денес стои под споменикот на Александар В. во Скопје. Тоа е уште еден чин на пријателство меѓу народите и удар врз иредентизмот. Одговор на тие што ме прозиваа“, порача преку Твитер потписникот на Преспански договор од грчка страна.