Коѕијас: Мојот пријател Никола

Грчки медиуми денеска експресно известија  за средбата и напредокот во разговорите помеѓу македонскиот и грчкиот колега, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во Охрид.



Климата на разговорите се покажа како срдечна откако Коциас на својот колега од БЈРМ му се брати како „мојот пријател Никола“, пренесе „Катимерини“.

Димитров, од своја страна, рече дека неговите разговори со Коциас „беа искрени и ги покриваа сите прашања во преговорите – на некои имаше напредок, за некои остануваат разлики“.

Министрите закажаа нова средба во мај.