Коѕијас ќе го тужи Каменос по гласањето за Преспански договор

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, денеска објави дека планира да го тужи својот бивш колега во Владата, ексминистерот за одбрана Панос Каменос, по неговите последни коментари со кои го обвини Коѕијас за корупција.



„Обвинителот ќе се справи со тој господин“, изјави Коѕијас за „Њуз 24/7“.

Тој истакна дека Каменос прво ја поддржа Владата на некогашниот конзервативен премиер Костас Караманлис, потоа таа на сегашниот премиер Алексис Ципрас и од почетокот изјавуваше дека Коѕијас е „најдобриот министер за надворешни работи (на Грција) некогаш“.

Посочувајќи го ставот на Каменос како причина за падот на неговата партија Независни Грци во анкетите на јавното мислење, Коѕијас ги отфрли обвинувањата за недозволена соработка со американско-унгарскиот милијардер Џорџ Сорос, нарекувајќи го Каменос „клеветник“ и „лажго“ за сугерирањето на спротивното.