Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕија, идната недела ќе ги информира лидерите на партиите за разговорите во Виена во обид да обезбеди поддршка од опозицијата, во услови кога продолжува несогласувањето со помалиот коалициски партнер „Независни Грци“ (АНЕЛ) кој се противи на употребата на терминот “Македонија” во решение за името.
Но, најголемата опозициска партија Неа демократија го повика Коѕијасас прво да го информира лидерот на АНЕЛ, Панос Каменос, пишува „Катимерини“.
Иако произлегоа „позитивни сигнали“ од разговорите во Австрија помеѓу минситрите Коѕијас и Никола Димитров со медијаторот Метју Нимиц, разликите остануваат, потсетува весникот.
Атина сака решението за името да биде „erga omnes”, но бара и промени во делови од уставот на северниот сосед кои се сметаат за иредентисти.





