Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Кодзияс и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе се сретнат утре во седиштето на Алијансата во Брисел.
Средбата доаѓа еден ден по денешната средба во Виена на Коѕијас со македонскиот колега Никола Димитров и медијаторот Метју Нимиц за која грчките медиуми оценија дека е „клучна и решавачка“.
Според грчките медиуми Коѕијас и Столтенберг ќе разговараат и за спорот за името меѓу Република Македонија и Грција.
Поради нерешениот спор со името Атина во 2008 година на Самитот на НАТО во букурешт стави вето на приемот на Македонија во Алијансата.
Исто така тема ќе бидат и затегнатите грчко-турските односи во Егејот и за прашањето на двајцата грчки војници кои во март беа приведени од турските власти откако влегле на турска територија.





