Коѕиас во НАТО ни постави услов во услов

ФИРОМ мора да прифати Ерга Омнес односно едно име за сите употреби им порачал грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас на своите колеги за време на состанокот на земјите членки на НАТО.



Атина официјално најавила дека нема да ја прифати сегашната македонска позиција за неменување на уставот затоа што тој содржел иредентистички барања.

По состанокот со НАТО колегите Коѕиас ги објавил условите под кои Македонија може да стане членка на алијансата.

“Ставивме јасно до знаење дека за ФИРОМ да добие покана мора да ја имплементира одлуката од Букурешт и резултатите од сегашните преговори. Мора да е јасно дека другата страна мора да прифати Ерга Омнес за да можеме да продолжиме со целосно позитивен договор”, изјавил Коѕиас.

Неофицијално македонската позиција во преговорите е дома да се користи Македонија а надвор новото сложено оме.