Коѕиас – Димитров: Се работи на временска рамка, иредентизам во двете држави

На денешната средба во Охрид министрите за надворешни работи на Македонија и Грција објавија дека за време на нивниот состанок работни ги договарале финалните детали од преамбулата на идниот меѓудржавен договор меѓу двете земји.



Во преамбулата според најавата ќе се постават принципите врз основа на кои во иднина ќе соработуваат двете земји.

Во изјавата за новинарите Димитров рече дека се работи на временската рамка во која што треба да се направи напредок. Со тоа Димитров најавува дека сепак има можност до самитите на ЕУ и НАТО во јуни и јули може да има некакво решение во спорот за името.

Друг важен момент од денешните изјави во премиерската вила во Охрид е дека и Македонија бара Грција да се откаже од својот иредентизам.

Ваквата изјава на Димитров предизвикала немир во дел од грчката делегација кои сметаат дека со споменување на “грчки иредентизам” во оваа фаза од разговорите Скопје повторно провоцира.

За грчкиот министер Коѕиас разговорите влегуваат во фаза на решавање на најтешките прашања кои според него биле наследени од предходните влади и министри на двете земји.