Заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Костадин Коџабашев ја обвини Македонија дека ги загрозува основните права на Бугарите утврдени со Европската конвенција за човекови права, како што се правото на здружување, собирање, слобода и слободно изразување на убедувањето.
Тој потсети дека согласно одлуката на бугарското Народно собрание од 24 јуни 2022 година, Бугарија ќе ја поддржи европската интеграција на Македонија само под услов доколку се гарантираат правата на Бугарите во земјата, додавајќи дека „последните законски измени во Скопје противречат на тој услов”.
Тој вели дека е крајно неприфатливо да се користи наратив, вклучително и законодавни иницијативи со кои непринципиелно се искористуваат теми поврзани со фашизмот, антисемитизмот и тероризмот со цел да се ограничат основните права и да се влошат добрососедските односи.
„Категорично ги отфрламе обидите за наметнување селективни, еднострани и историски толкувања“, додаде Коџабашев.






