„Бугарското вето за Скопје и почетокот на преговорите на Албанија со ЕУ повторно се причина за нов судир меѓу владејачкото мнозинство и Претседателството во Албанија. Официјална Тирана не е обединета во оваа позиција. Претседателот Илир Мета пред неколку дена го прифати предлогот на Бугарија Албанија да се одвои од Македонија и таа сама да ја започне првата меѓувладина конференција.“ – објави информативниот портал на албански јазик „ин7“.
„Ин7“ пишува: „Претседателката на Комисијата за надворешна политика на албанскиот Парламент Мими Кодели денеска во интервју за ‘Гласот на Америка’ изјави дека Албанија нема да бара одвојување од Македонија и оти верува дека Софија ќе го тргне ветото, нагласувајќи: ‘Всушност, Албанија има добар пријател на ова патување, кој е нејзин сосед, нејзин сопатник, а тоа е Македонија. Ова беше патување, при кое знаевме да учиме од грешките едни од другите и да имаме меѓусебна корист.“
„Не мислам дека Албанија ќе бара да се издвои од Македонија, оти ќе може да го стори тоа. Верувам и се надевам многу дека со најновите послеизборни случувања во Бугарија ќе се крене ветото и ќе им се отвори патот на Македонија и на Албанија за одржување на првата меѓувладина конференција. На неа најверојатно ќе добиеме согласност за отворање на преговорите’ – нагласи Кодели во тоа интервју.“
„Скопје и Тирана, очекуваат парламентарните избори во Бугарија да бидат проследени со промена на курсот на новата влада за укинување на ветото, кое што го држи во заложништво одржувањето на првата меѓувладина конференција, бидејќи европатувањето на двете земји е концепирано во блок, заеднички. Но, претседателот Радев пред неколку дена јасно стави до знаење дека не се повлекува од ветото.“
„Првично, идејата за одвојување на Албанија од Македонија беше оставена отворена, но некои земји од ЕУ се спротивставија, бидејќи, според нив, одлуката би испратила негативен сигнал за регионот.“ – пишува „ин7“.





