Последното издание на емисијата КОД со Снежана Лупевска на Телма открива скандалозно однесување на повеќе безбедносни фактори и тешко прекршување на безбедносните процедури и правила во најмалку еден случај и во 4 институции.
Анализирајќи го случајот со новинарката Бесмира Ејупи која преку вработување во општина, министерство за политички систем се скраси во МНР каде има пристап до крипто комуникација, открива цел корумпиран систем кој открива сериозна законска одговорност.
Одвоеноста пред се се однесува на шефот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски и шефот на Дирекциијата за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески.
КОД објавува дека Виктор Димовски потпишува позитивна безбедносна проверка за Бесмира Ејупи иако знае дека во периодот март – мај 2022 Основоното Јавно Обвинителство во Скопје и Државната Комисија за спречување на корупција отвориле истраги против неа.
Однесувањето на Димовски кој знаел или морал да знае дека за лицето што издава безбедносна дозвола е под истрага е спротивно на уредбата за вршење на безбедносни проверки која јасно утврдува дека тие не смеело да се случи.
Колку е проблематично што Виктор Димовски за Бесмира Ејупи за 2 месеци ја завршува проверката покажува друг случај во кој за 9 судии од граѓански суд кои должат предмети по тужби од вработени во МВР, МО, АР и АНБ повеќе од 12 месеци, Димовски не им дава безбедносна проверка иако законскиот рок е 6 месеци.
Во вториот случај има јасно неспроведување на закон со последица и тужба со оштетено побарување за судење во неразумен рок од причина што судиите немаат сертификати.
Посебен проблем во целиот скандал е што шефот на Дирекциијата за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески на лицето под истрага Бесмира Ејупи му издал безбедносен сертификат на ниво на Државна Тајна. И ова е кршење на уредбата за вршење на безбедносни проверки.
При тоа за работата да биде уште пострашна директорот Стојан Славески не го одзел сертификатот на Бесмира Ејупи по промена на работните места и трансфер во други институции.
Прашањето за безбедносни сертификати и вршење на безбедносни проверки на лица поврзани со државна тајна и други нивоа на доверливост е особено важно во периодот кога се избираат првите луѓе на Агенцијата за национална безбедност за кои постои дилема дали ги минале сите безбедносни проверки на службите.
Повеќе луѓе кои се спомнуваат како идни директори на АНБ и директори за операции во АНБ според повеќе извори не ги минале сите безбедносни проверки како на пример полиграф за проверка на лаги и давање на лажни податоци.
Полиграфот е само еден но многу важен метод за утврдување дали кандидатите за први луѓе во безбедносните служби се инволвирани во корупција или соработуваат со непријателски тајни служби.
Целата емисија Код со Снежана Лупевска во продолжение






