Во синоќешното издание на емисија КОД на ТВ Телма, се откриваат детали од киднапирањето, а подоцна и убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември, како и претходното (на 22 ноември) на велешанецот Панче Жежовски.



Киднаперите претходно имале план и ја вежбала рутата на движење, а паркинг местото каде што чекале да дојде точното време било намерно одбрано во мртов агол за да не бидат фатени од камерите на „Безбеден град“, откриваат новинарите на КОД.

Вања првично била однесена во подрумска просторија од која Палевски имал клуч и била негова. Таму и биле врзани рацете и нозете, по што била ставена во вреќа за спиење. Грабнувачите имале план грабнувањето да го реализираат порано, на 24 ноември- петок, меѓутоа се предомислиле бидејќи тој ден било многу раздвижено и прометно.

Според информациите на КОД, пак, Палевски  при бегството уште пред официјалната истрага, во Србија преку брз трансфер на пари, добил голема сума на пари од лице од Швајцарија.

Палевски ги зел парите и со нив живеел неколку дена во Србија по што стасал до Балибекир, каде еден од соучесниците имал бизнис партнер, се вели во емисијата.