Иако имало пријава за корупција при избори на судии против член на судскиот совет, Судскиот совет претставката не ја проверувал туку проценил дека како анонимна претставка не е од јавен интерес и ја архивирал.
Ова го открива емисијата КОД во вечерашното издание посветено на пазарењата во судскиот совет, но и за други сомнителни непостапувања.
Во претставката стои дека членот на судскиот совет од Штип определувал кој смее, а кој не смее да се запише на академијата за судии и обвинители.
Новиот претседател на Судскиот совет Сашо Георгиевски е токму од Штип а активно учествуваше во пучот во Советот при смената на Весна Дамева.
Постојано кршење на законот, внатрешни пазарења поради надворешни влијанија, караници и нов удар врз рејтингот на судството се теми за кои се зборува во емисијата.
За скандалот со новиот шеф на Судскиот совет знаат сите членови на советот но досега никој не почнува истрага за него.
Повеќе детали на КОД на Телма






