КОД открива како внукот на Ахмети стана газда на суперпрофитната Соравија преку долгови во бугарска банка (ВИДЕО)

Иако истрагата за спомениците од „Скопје 2014-та“, за малку го префрли вниманието од семејството на лидерот на ДУИ Али Ахмети, сепак зделката со Соравија на внукот Дрин Ахмети и натаму е сомнителна, објавува КОД со Снежана Лупевска Созен во најновото издание на Телма.



КОД открива дека фирмата Соравија, секоја година прави големи профити, иако при презентирањето на зделката со која внукот на Али Ахмети за нула евра доби 39 отсто од бизнис центарот Соравија, беше соопштено дека центарот има долг од 20 милиони евра.

Во КОД и за братското стебло од Зајас, следната генерација на фамилијата Ахмети кои се впуштаат во огромни бизнис потфати. Синови, братучеди, зетови и сватови, нашле место во шемата на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Во КОД и интервју со Софка Пејовска Дојчиновска од антикорупциската комисија, која гледа и моќ, и нервоза, во обвинувањата на вицепремиерот Артан Груби, кон актуелниот состав на комисијата.