Син на убиениот Дилавер Бојку Леку тврди дека МВР знае кој е убиецот на неговиот татко но се уште од непознати причини тој не е уапсен?
“Го видов убиецот и сето тоа веднаш го кажав во полиција, но тој ден по убиството заминал за Швајцарија”, ова е тврдењето за емисијата КОД на Телма на синот на Дилавер Бојку Леку, кој пред 14 месеци беше ликвидиран во свој угостителски објект.
Децата на Леку очекуваат конечно истрагата да проработи и да донесе резултати. КОД истражуваше како е дојден убиецот до местото каде го убил познатиот балкански бос Бојку и зошто возило мерцедес воопшто не било опфатено на почетокот на истрагата.
Нерешеното убиство на Дилавер Бојку Леку било едно од прашањата за кое екипата на КОД поставила прашања до МВР уште минатата недела, додека го истражувала и реконструирала двојното убиство на Рузвелтова.
Лека пред десетина години беше екстрадиран ид Црна Гора по што беше осуден за криминал.
Целата информација на КОД овде





