Возел брзо со мерцедес, ама за полицијата цела недела е фантом и непознат. Според министерот Спасовски се уште го бараат возачот кој со флешери ставени на приватна кола јурел по качанички пат, сигурни дека не е синот на неговиот заменик Буши.
Ова е дел од најавата на емисијата Код со Снежана Лупевска која бара одговор и за тоа кој го украде маслото од марихуана во фирмата под стечај која често ја посетувал синот на заменик министерот Назим Буши.
Во КОД детали за тоа дали и како регистрациите 0202 и 2-от човек во МВР се поврзани.
Новото издание на КОД кое истражува дали се раѓа нова каста недопирливи- синови на ДУИ, ќе се емитува во недела во 19:15.






