Низа нелогични, шокантни информации објавува емисијата “Код” на Телма во која се зборува за аферата Двојник или Пасоши за Мафија.
Според “Код” министерот Оливер Спасовски не ја кажувал вистината кога на прес конференција за акцијата Двојник изјави дека пасоши со лажен македонски идентитет биле издавани пред тој да стане министер.
Во емисијата се откриваат низа фрапантни информации за работата на МВР и за малите казни со кои се казнети повеќемина кои признаа вина за издавање пасоши на познати меѓународни мафијаши.
Линк до КОД
https://www.facebook.com/TVTelma/videos/1555520277974217/
Според Код истрагата за случајот Двојник во Обвинителството почнува две недели откако Спасовски станува министер.
Зошто лажеш Оливер Спасовски* ?
_
*11 дена откако станува МВР, на 12.06.2017 осудените, Денис Барути и Оливера Софрониевска [сведок во ТИТАНИК, чие обвинение судот го одобри на 31.01.2018] го издаваат првиот Македонски пасош со украден идентитет на засега непознат криминалец 😂 pic.twitter.com/izP0sXajOT— Демир (@Trollowsky) May 10, 2021
За случајот Мафија реагира и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој се чуди зошто на осудените не им се судело за другите кривични дела кои ги сториле.
“Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници осудени во аферата “Мафија” се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР?
Зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување патни исправи, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага?
Одговорот на сето ова следи во видеото, Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома.
Целосно расветлување ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа мафијашка влада”, ветува Мицкоски за случајот.





