КОД: Црни листи, Ковачевски, Бектеши, рубља патриоти, бугарски фирми и руски гас

Можат ли високи владини функционери на СДСМ и ДУИ да завршат на американската црна листа заради набавка на енергенси од санкциониран руски тајкун преку бугарска фирма?



Ова е едно од прашањата што се наметнува откако емисијата КОД на Телма во детали истражи како е раширен октоподот на холдингот Балкан Јутилитис кој поврзан со контроверзниот руски милијардер Лебедев
Емисии од кој македонските власти скриени зад доверливи владини клаузули купуваат руски гас поскапо од пазарната цена.

Македонија ќе може да се снабдува од повеќе извори на гас преку Бугарија. Ова го најави министерот Бектеши на 31 октомври во Софија, кога е потпишан Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на Интерконективна точка Ќустендил-Жидилово помеѓу ГА-МА АД и Буглартрансгаз ЕАД, објавува КОД откривајќи дека на 28 ми декември во Скопје доаѓаат Славен и Тони Баев, татко и син, но едниот Тони Стефанов Баев е Управител и сопственик на фирмата „Балкан Јутилитис“. Тие имаат средба со првиот човек на ЕСМ Васко Ковачевски.

На почетокот на јануари, ЕСМ ја избира бугарската фирма да снабдува со гас со цена од 115,97 евра за мегават час. Најавите се дека таа може да го снабдува ЕСМ со гас во наредните четири месеци. Цената понудена од „Макпетрол“ на тој тендер е 116,20 евра за мегават час. Уште од старт, ако се земат вкупните понуди на „Макпетрол“, пресметката е дека во јануари државата ќе плати еден милион евра повеќе од понудената цена на „Макпетрол“.

Која е фирмата Балкан Јутилитис?

Бугарската „Балкан Јутилитис“ лиценцата за работа со гас во Бугарија ја добива на 15 септември лани. Фирмата е регистрирана во 2003 година под дејноста „трговија со електроенергија, финансирање, инвестициско проектирање и експлоатација во сферата на енергетиката“ а во мај 2008 година станува акционерско друштво. Анализите на оваа фирма покажуваат дека таа е во загуба од 98,012 евра во 2019 година, следната година загубата и е 33.691 евро, Добивка има само во 2021-та од 118.432 евра. Но, сето ова не спречува ЕСМ да се реши токму за фирма загубар да биде главен снабдувач со гас во Макеоднија.

На 15 декември ЕСМ објавува јавен повик за снабдување со гас наведен е период од јануари до април, количините, но не и гаранција.

Во точка 3.10 Начин за опбезбедување гаранција доколку се бара авансна уплата.

Во јавниот повик не пишува дали е тоа банкарсаката гаранција и за каква воопшто гаранција се работи.

Телма веќе еден месец бара од ЕСМ доколку има, да ја даде на увид банкарската гаранција, но и покрај нашите барања за слободен пристап до информации на 2 февруари оваа информација стана забранета за јавност оти токму на тој ден ЕСМ направило таканаречен тест за штетност и го одбива барањето во целост.

,,Информацијата претставува класифицирана информација со соодветен степен на класификација и бидејќи информацијата содржи податок чие откривање би значело повреда на преземените обврски во потпишаниот договор. Се смета дека јавно објавување на бараната информација може да нанесе штета на деловното работење на друштвото“

„Тест на штетност“ е направен четири дена по истекот на рокот за одговор. Претходно, неодговарајќи, ЕСМ го прекрши законот за пристап до информации од јавен карактер.

Во Законот за КЛАСИФИЦИРАНИ ИНФОРМАЦИИ во членот 6 стои:

,,Информациите кои се предмет на класификација се однесуваат особено на: јавната безбедност; одбраната; надворешните работи; безбедносни, разузнавачки и контраразузнавачки активности на органите на државната управа на Република Македонија; системи, уреди, проекти и планови од важност за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи; научни истражувања и технолошки, економски и финансиски работи од значење за Република Македонија.

Според овој член излегува дека информацијата за тоа дали „Балкан Јутилитис“ има банкарска гаранција во првиот тендер е од економски и финасиски работи од значење

А пресметкитее покажуваат дека само за јануари државниот буџет е оштетен за 1,7 милиони евра, затоа што ЕСМ одбра загарантирана цена од „Балкан Јутилитис“, а не берзанска.

Во вториот Јавен повик објавен на 20 јануари, освен останатите услови, ЕСМ додава „Начин на обезбедување доколку се бара авансно плаќање пишува банкарска гаранција или корпоративна гаранција“.

Банкарската гаранција претставува единствен и најсигурен инструмент за обезбедување на плаќање помеѓу деловните субјекти, како неотповиклива обврска на Банката (во писмена форма) да плати одреден износ на пари, во случај не неизвршување на обврските што се договорени помеѓу двата субјекти.

Корпоративната гаранција е само еден балон кој доколку пукне останува воздух. Таа не може да се наплати тврдат за КОД правните експерти особено од микропретпријатие како што е „Балкан Јутилитис“ кое работело со загуби.

,,Корпоративна гаранција – гаранција издадена од страна на компанија (не од банка) којашто гарантира плаќање или добро извршување на договорот во име и за сметка на друга компанија како должник. Корпоративната гаранција најчесто се користи во случаи кога новоформирана компанија или мала компанија што нема изградена кредитоспособност за самостојно задолжување, сака да користи кредит и компанијата гарант гарантира враќање на кредитот во име и за сметка на компанијата должник. Компанијата гарант може да биде сопственик на компанијата должник или, пак, да има друг тип на поврзаност со должникот“.

И без цврста гаранција „Балкан Јутилитис“ го добива и тендерот за февруари со што поради падот на цената на гасот на светките берзи државата губи дополнителни милиони. Во време кога гасот на берзата е 60 евра за мегават час со тенденција на опаѓање, ЕСМ го плаќа 98.71 евро.

Васко Ковачевски признава дека плаќаме поскап гас…

Единствена фирма која учествуваше на февруарскиот тендер беше бугарската „Актаел“ по цена од 99,83 eвра за мегават час. Оваа фирма во јули за ЕСМ беше посредник за купувањето на делови за трансформаторот за Блок 3 од турска фирма. За овој трансформатор РЕК Битола потроши, речиси, 6.5 милиони евра без тендер, а договорот е склучен со непосредна спогодба. Заради доцнењето на трансформаторот, третиот блок не проработе на време. Државата увезуваше струја која ја чинеше 40 милиони евра, а заради доцнењето ќе плати и 200.000 евра пенали.

Краците на октоподот

„Балкан Јутилитис“ не е обично микро претпријатие. Основана во 2008-ма, се наоѓа во Софија на адреса на која има запишано уште 204 фирми. Од 2017 та во неа влегуваат и Максим Жежов, чие име се поврзува со уште 22 фирми, Савас Агапио од Грција кој ја има и фирмата „Виндоус Интернешнал“ и Тони Стефанов Баев чие име е поврзано со уште седум фирми. (Текстот продолжува по видеото во кое е прилогот за мрежата на Балкан Јутилитис)

Тони Стефанов Баев е сопственик и управител. Кога на 12-ти септември лани бугарската регулаторна комисија го издава решението за работа со гас на „Балкан Јутилитис“, во него е наведено и наведено и Те-То Скопје, но и фирма од Кипар како поврзана и со Те-То и со „Балкан Јутилитис“.

Протокол на Бугарска регулаторна комисија за енергетика и водни услуги од 04.08.2021.

,,Подносителот на барањето планира, покрај на слободниот пазар, да испорачува природен гас на Те-То електрана во Скопје, сопственост на поврзана компанија на главниот акционер на „Балкан Јутилитис“ АД, „Синтез Грин Енерџи Кипар“. Електраната е со инсталирана моќност од 250 MWh и комбиниран циклус со потрошувачка од околу 300 милиони m3 природен гас годишно. Компанијата предвидува продажба на дополнителни количини на крајни корисници, трговци и транзит на природен гас за потребите на поврзана компанија во Молдавија. Тони Баев е поврзан и со фирмата „Греј стоун Бугарија“, а се спомнува Македонија како држава каде има инвестиции. „Греј Стоун България ООД“ е фирма управувана од уште еден Баев, Свилен Тонев Баев на истата адреса е со „Балкан Јутилитис“.

,,Компанијата е поврзана со компании кои имаат значително искуство во областа на енергија на територијата на Грција, Русија, Македонија. Нашите стратешки партнери се и сериозни компании. Стратешки партнери во Грција се „Јунис енерџи“ – еден од моментно високо активните групи на грчкиот пазар со инвестициски и комерцијални активност. Финансиски, акционерите на компанијата се стабилни, вели за фирмата Тони Баев. Баев е во структурата и на фирмата БЕТА ТЕК, со содружник од Турција. Дејност е енергетика и продажба на електрична енергија.

Еден од краците на „Балкан Јутилитис“, односно нејзин директор е и Максим Жеков Димов. Тој е контроверзен политичар. Од благајник до гробар на партијата на Симеон Саксобурготски, а бил во партијата на бугарските Турци – ДПС и како пратеник.

Дел е од структура на бугарската компанија за руска нафта „Руснефтехим“ која била дел од руски енергетски конзорциум. Го поврзуваат со спорно префрлање на пари од Венецуела во време кога се забранети трансакции од оваа земја.

Сите детали во КОД од 16 минута во видеото