Портпаролката Маја Коцијанчич, реагираше на изјавите на вицепремиерот Бујар Османи и на соопштение на Министерството за здравство поради заканите за тужби кон медиуми поради нивниот начин на известување. Европската Комисија редовно ги следи настаните во земјата во пресрет на одлуката за старт на преговори со Македонија и потсетува дека „ЕУ ѝ дава посебна важност на слободата на медиумите“.
„Нашиот извештај во 2018 истакна дека иако постои подобрување на медиумската клима, нулта толеранција треба да има за физичко и вербално вознемирување, како и закани кон новинарите“, вели за МИА Маја Коцијанчич
Унијата очекува сите наводи за можна злоупотреба на јавни фондови да бидат предмет на истрага од страна на надлежните тела, рече Коцијанчиќ за МИА алудирајќи на случајот ПИОМ, за кој говореше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.






