Портпаролот на Европската комисија Маја Коцијанчич нема одговор дали за ЕУ е прифатливо што Договорот со Грција и Законот за јазиците се објавени во Службен весник без потпис на претседателот и спротивно на Уставот.
На прашање на „Пресинг.тв“ Коцијачнич вели:
„Ние сега ги следиме националните процедури за спроведување на договорот, но како и обично не ги коментираме“.
Указот за прогласување на уставните промени и Законот за употреба на јазиците беа објавени во „Службен весник“ само со потпис на претседателтна Собранието Талат Џафери и без потпис на претседателот на државата.





