Вистинското прашање околу пропаѓањето на „Еуростандард банка“ е на кој начин се одобрувани кредити кои набрзо се прогласувале за лоши пласмани и зошто тоа било премолчувано од најмалку три финансиски институции задолжени за контрола на банките, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.



„ Дали е точно дека во аферата Еуростандард банка тешка 200 милиони евра, над 55 милиони евра кредити без покритие се делени на различни компании меѓу кои и струмички компании блиски до власта? Јавноста ја интересира кои се тие компании кои земале пари без покритие, или со хипотеки со преценета вредност“ изјави Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ .

„Сомнежот е дека се делени кредити за недвижнини со нереална и над проценета вредност со цел да се добијат повеќе пари. Да потсетиме дека Зоран Заев изјави дека знаел за работењето на банката една година, а министерката за финансии заштедата од 250 илјади евра навреме ја извадила од банката. Ова е коруптивен случај чии пипци одат до највисоките структури на власта“ истакна Кочоска.

Макфакс