Ноќеска граѓаните на Кочани со голи раце го одбранија градот од огнената стихија. Заедно со само неколку противпожарни екипи тие не дозволија пожарот да се прошири по куќите во градот.
Изгореа само покривите на 2-3 куќи. Материјалната штета е незначителна во однос на тоа што можеше да се случи.
Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани кои синоќа побараа лекарска помош поради вдишување на чад, како последица од пожарот се во добра здравствена состојба и сите се пуштени дома.











