Коцевски: Нема пари за атмосферска канализација во Велес


При сите пообилни дождови,  водите од високите улици од велешките ридови се слеваат надолу кон пониските улици и кон центарот на Велес и ги поплавуваат улиците кои личат на реки, вели градоначалникот Аце Коцевски кој рече дека иако ветил решение за атмоферска канализација – пари за тоа нема.



„ Проектот за атмосферските води под Вршник го нарачавме, скапо го плативме и го имаме, но за да го реализираме, треба многу пари  кои ние во моментов ги немаме. Огромна е вредноста на тој канал што треба да се направи за да ги собере сите дождовни води од сливното подрачје под Вршник и надолу одат по неколку улици“, објаснува Коцевски.

Во недостиг на општински пари Коцевски рече дека планира општината да конкурира кај меѓународни донатори, пристапните фондови на ЕУ или да добие пари од државата ако на располагање има такви средства.

Но, и со реализација на проекот за атмосферската канализација од ридот Вршник нема да го реши целиот проблем со дождовните води во  Велес – во останатите делови од градот и понатаму пак ќе остане проблемот со слевање  на дождовните води како реки по секој дожд по велешките улици.