Коце Трајановски – кандидат за градоначалник на Скопје!?

Коце Трајановски е едно од имињата кое се мери на анкетите за кандидат за градоначалник за Град Скопје, соопшти денеска Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



Тој рече дека до средината на овој месец, ќе бидат соопштени дел од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локлани избори.

Откри дека се преговараза коалиција на партијата на локалните избори, но не само со албанските партии, туку и со српски, бошњачки, турски…

„Многу скоро ќе имаме тематска прес-конференција и ќе ја информираме јавноста за имињата на 15-та кандидати. Очекуваме во текот на следната недела да имаме Извршен комитет на партијата, да потврдиме уште некое име, па може ќе бидат повеќе од 15. 

„Едно од имињата што се мери на анкети е и Коце Трајановски, исклучително успешен градоначалник во минатото“, рече Мицкоски.