Коцарев: Македонија да не отстапи од одбраната на идентитетот и јазикот

Процесот на ерозија на идентитетот на македонскиот народ преку бришење на сите национални културни одлики зема силен замав особено по таканаречениот преспански договор и сега се шири на сите нивоа, беше речено денеска на симпозиумот посветен на делото Крсте П. Мисирков, во Македонската академија на науките и уметностите.



Собирот со поздравно обраќање го отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.

„Македонија, се надевам дека нема да отстапи од одбраната на македонскиот идентитет и јазик, тие имаат словенски карактер, ама не бугарски. Геополитичките игри во некои можни сценарија може да предизвикаат штетни последици и за Македонија и за Бугарија, за тоа треба да бидат свесни и македонските и бугарските политичари. Зборовите на Мисирков од пред 100 години подоцна се многу актуелни „Други ќе печалат ние ќе губиме”, рече академик Коцарев.