Коалициските партнери на СДСМ во власта денеска се поканети на состанок со премиерот Димитар Ковачевски, во Владата.



Ковачевски во петокот најави дека целта на средбата е да се реафирмира ставот дека парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, заедно со претседателските.

„Граѓаните ќе се уверат дека има владејачко мнозинство и влада која се грижи за животниот стандард на граѓаните и обезбедување на сè она што треба една влада да го обезбеди во услови на најголема криза“,рече Ковачевски.

Според неговата изјава, се очекува да се зборува и за тоа што досега е направено за справување со кризата, но и какви мерки ќе се преземат во иднина,а веројатно ќе стане збор и за „францускиот предлог“ за надминување на наметнатиот спор од Бугарија и подигање на ветото.