Коалицискиот партнер на СДСМ му оддаде почит на командант на ОНА

Билал Касами од Движење Беса, коалициски партнер на СДСМ и носител на листа во шестата изборна единица, му оддаде почит на командантот Фадил Нимани од ОНА.



„Денеска се навршуваат 19 години од херојското загинување на Фадил Нимани – Командант Тигар, кој го загуби животот борејќи се за слобода во селото Ваксинеце во Општина Липково. Неговото големо дело секогаш ќе остане да се паметио, како и неговата жртва за денес да ги уживаме нашите права како Албанци, што ќе остане запишано во славната историја на Албанците. Делото и идеалот на мачениците на нацијата е водич на нашиот национален идеал. Командант Тигар командувал со 113. бригада ‘Исмет Јашари’ -Куманово.

#Слава му на генерал Фадил Ниманин – Тигар!
#Слава им на мачениците на нацијата!“, објави Касами на Фејсбук.