Ние, како коалиција, очекуваме сигурна победа. Тоа не е само предизборна флоскула“ вели Африм Гаши, лидер на Алтернатива и носител на пратеничката листа во втората изборна единица на коалицијата на Алтернатива со Алијанса за Албанците во интервју за „Фокус“.
„Според мене, идната влада ќе биде составена од две коалиции: првата ќе биде победничката коалиција во македонскиот политички камп и втората ќе биде нашата коалиција „Алтернатива-Алијанса“.
Убеден сум дека ваквиот состав на идната влада ќе биде изведен од изборниот резултат на изборите од 15 Јули. Бидејќи сите политички партии се веќе подготвени на компромиси, кои се во рамките на нормална политичка битка во државата, јасно е дека ниту една политичка партија, односно коалиција, не може самата да освои мнозинство на пратеници, потребни за формирање на влада. Затоа компромисот за формирање на влада е императив на секоја победничка коалиција на овие избори, но и секои идни парламентарни избори, сѐ додека политичкиот систем и изборниот модел е ваков како што е актуелниот“ вели Гачи во интервју за „Фокус“





