Коалиција Алијанса на Албанците и ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар

Со изборот на нов претседател на Советот на Општина Гостивар,  формализирана е коалицијата меѓу Алијансата за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ.



Досега во Советот доминираа ДУИ и СДСМ кој имаа мнозинство заедно со советниците од НДП-Унитети и Кашмир Салиу од Демократски сили на Ромите.

На местото досегашниот претседател Насир Муслиу, како што јавува Гостиварпресс, општинскиот совет во Гостивар ќе го води Бесим Мемеди од Алијансата на Села.

Мемеди доби подршка и од советничките групи на БЕСА, ДНЕТ и на ВМРО ДПМНЕ. Со тоа освен извршената функција која ја врши градоначалникот Таравари, Алијансата го презеде и „законодавниот“ пост, со што непречено ќе може да управува со локалната власт во Гостивар, јавува Алсат.