„Денес, кога јавноста беше известена дека е постигнат договор за ко-владеење помеѓу СДСМ и ДУИ, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива изјавува дека станува збор за измама и нелегитимна влада.
Како прво, е измамничка, затоа што и двете страни сериозно ги измамиле граѓаните и второ, е нелегитимна, затоа што партнер на оваа влада станува партија кој насилно и манипулативно ја ограби политичката волја на Албанците.“, се вели во соопштението на Алијанса на Албанците и на Алтернатива по повод денес постигнатиот договор меѓу ДУИ и СДСМ.
„Прво, ДУИ измами, што денес го прекрши единственото предизборно ветување за албанскиот премиер и второ, го измами СДСМ, која пред изборите рече дека ‘во никој случај нема да се формира коалиција со ДУИ’.
Затоа, за нашата коалиција, оваа влада не заслужува никаков политички респект и, како таква, ќе се соочи со 12 пратеници и народ кој нема да дозволи измама и узурпација на политичката волја“ се вели меѓу другото во соопштението како што пренесува ТВ21.






