Шефот на влијателната Европска иницијатива за стабилност (ЕСИ) Гералд Кнаус денеска го претставува предлогот на @ESI_eu до Европскиот совет (@EuropeanCouncil @eu_eeas) и 27 земји-членки со кој треба да се обезбеди мир на континентот.
Клаус кој повеќе од две децении работи на европроширувањето смета дека големата стратегија на ЕУ за Балканот не функционира и треба да се бара ново решение кое ќе важи и за други земји и региони а кое ќе гарантира мир.
Што содржи планот на ЕСИ:
,,Договор за нова ЕЕЗ – Европската економска заедница отворена за демократиите на Балканот и Централна Европа.
Единствен пазар, четири слободи, ирски граници, кохезија”.
Според ЕСИ сегашната голема стратегија на ЕУ на Балканот не функционира а Некредибилното пристапување не е поттик за потребни длабоки реформи во време кога постојат поголем број на закани.
,,Стравот од вооружени конфликти се врати на Балканот. Новата студена војна со Русија ги подигна влоговите. Има повеќе закани” пишува Кнаус кој бара да се избегнува општественото насилство предизвикано од руски провокации.
,,Ова бара акција сега. Направете го вооружениот конфликт повторно незамислив.
Одговорот што го дадоа основачите на Европа во 1950 и 1956 година: длабока економска интеграција како чекор кон подоцнежната Унија.
Европска економска заедница.
Ова треба да им се понуди на сите европски демократии. На Балканот и пошироко.
Тоа е најдобрата политика за долгорочен мир и просперитет во ЕУ”, стои во планот на ЕСИ.
Според Кнаус војната во Украина создава и нов контекст поради што ЕУ мора да одговори на украинската апликација за членство со сериозна понуда СЕГА а не за 3, 5 или 10 години.
Тој бара Брисел да му даде на Киев договор и пристапни разговори со што ќе испрати јасен знак дека Украина припаѓа на ЕУ.
,,Денешната ЕУ е опкружена со конфликти и репресија. Консолидирајте го мирот сега – помогнете Украина да ја победи агресијата. Одврати ја Русија. Време е да се инспирираме од она што функционирало порано.
Проширување на Западот”, пишува Кнаус презентирајќи го планот за стабилна Европа без војни.






