Клучот за распад на коалицијата СДСМ -ДУИ и предвремени избори е кај обвинителката Лиле Стефанова

Клучот за распад на коалицијата СДСМ -ДУИ и предвремени избори е кај обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот за пуштање на две лица кои се бараат од македонските власти.



Стефанова го води предметот во кој службени лица од граничниот премин Блаце во координација со високи полициски службеници од МВР и Царината ослободиле две лица кои се бараат за две меѓународни истраги, односно за два случаи за кои се заинтересирани и стратешки партнери на Македонија.

Стефанова сега согласно материјалите кои ги има добиено како обвинител од Обвинителство за организиран криминал ќе мора да гони повеќе лица кои се високи функционери на ДУИ.

Според неофицијалните сознанија од обвинителството доколку Стефанова ги гони лицата кои ослободиле криминалци по кои трага Македонија, може да ја урне владината коалиција меѓу СДСМ и ДУИ затоа што најмалку две од лицата се важни делови од структурата на ДУИ во Скопското крило.

Ако Стефанова постапи согласно видео и другите материјали и ги гони лицата од ДУИ тоа би можело да предизвика криза во владината коалиција каде ДУИ нема да сака судски да се докаже дека партијата на Ахмети е директно одговорна за корупција и криминал.

Од друга страна, ако Стефанова не постапи по очигледните докази и индиции (кои според се ги имаат и луѓе надвор од обвинителството) таа може самата да се соочи со обвинение за корупција, затоа што непостапување по непобитни докази ќе значи дека таа е ,,купена”.

Неофицијално ако Стефанова покрене обвинение за функционерите на ДУИ, Мала Речица би можела да ја урне владата и да оди на предвремени избори. Се очекува Ахмети да ја обвини СДСМ за политичка пресметка односно обид целиот товар за корупцијата да го префрли на ДУИ.

Најчитани вести

Сам си пресудил со камера

Нов скандал со Буши, заменикот на Спасовски, платила ли владата 20 илјади евра за спиење во луксузен хотел (ВИДЕО)