Грција нема да ги блокира амбициите на с. Македонија и Албанија за членство во ЕУ, но треба да се очекува дека за возврат ќе побара некои отстапки, велат аналитичари, цитирани од грчки „Катимерини“.
Европската комисија препорача отворање пристапни преговори со двете земји. Останува да се види дали Советот ќе ја следи препораката во октомври.
„[Грција] никому нема да каже ‘не ‘. Но, таа ќе постави свои услови“, вели извор близок до премиерот.
Посматрачи велат дека Атина ќе инсистира Скопје строго да го спроведе Преспанскиот договор.
Во случајот со Албанија, се очекува Атина да бара подобра заштита на правата на етничкото грчко малцинство во согласност со меѓународните договори и регулативи, пренесува БГНЕС.




