Документ на државната Комисија за заштита од дискриминација ќе биде клучен за експремиерот Груевски во неговиот обид да докаже дека бил жртва на политички прогон од страна на македонските власти.
Во процедурата која се води согласно унгарските закони Груевски ќе треба да приложи и докази за добиени закани а такви можат да бидат СМС, пораки на социјални мрежи и изјави на сведоци заверени на нотар.
Сепак главен доказ во процедурата која се води пред унгарските институции во која се докажува дали тој е прогонувано лице е документот издаден од Комисијата заштита од дискриминација во кој експлицитно државен орган потврдува дека Груевски бил дискриминиран со што се стекнува со статус на жртва на селективна правда и цел на политички реваншизам.

Според унгарските закони во наредниве денови тој ќе има прво интервју со службеник на унгарските имиграциони власти во кое ќе треба да ги наведе сите аргументи за барањето на политички азил.




