Клучна победа на Трамп, дури и Бајден го призна тоа

Доналд Трамп стана првиот републикански претседателски кандидат кој победи на прелиминарните избори во првите две сојузни држави – Ајова и Њу Хемпшир.



Трамп во вторникот во Њу Хемпшир ја победи (54,8% – 43,6%) својата единствена конкурентка – Ники Хејли, која јасно стави до знаење дека, за разлика од другите републикански кандидати, нема брзо да се откаже.

„Оваа трка е далеку од завршена“, рече Хејли, честитајќи му на Трамп за победата.

По првите две држави, Трамп обезбеди 31 делегат, а Хејли 16. Се очекува Хејли да остане во трката барем до „Супер вторник“ на почетокот на март, кога истовремено гласаат 15 држави.

Победата на Трамп ја коментираше и американскиот претседател Џо Бајден кој рече дека „јасно е дека Трамп ќе биде републиканскиот кандидат“ на претседателскитѕе избори во ноември.