Клинтон позитивен на Ковид-19

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон објави дека е позитивен на тестот за Ковид-19 и дека има благи симптоми.



-Имам благи симптоми, но генерално сум добро и сум дома, напиша на Твитер 76-годишниот демократ, кој служеше во Белата куќа од 1993 до 2001 година.

„Среќен сум што бев вакциниран и што примив засилувачка доза“, додаде тој и ги повика „сите да го прават истото, особено кога се наближува зимата“.